После подолг период Општина Тетово со превентивни активности против свлечиштата кон Бањиче

Фото: Фејсбук/Општина Тетово

Кон рекреативното место Бањиње долж реката Пена наспроти хидроцентралата се гради потпорен ѕид во должина од 120 метри и висина од 4,50 метри. Целта е спречување на ерозивни процеси долж овој патен правец кои беа се почести изминативе неколку години после секој пороен дожд.

„Овој патен правец повеќе нема да биде проблематичен за граѓаните кои го користат за пешачење и рекреација. Ова е уште еден корисен проект за граѓаните во вредност од 14 милиони денари, заблагодарувајќи се и на УНДП за континуираната поддршка.Кога другите го оставија градот и граѓаните во ризик, ние го претвораме во безбедно место, со вистинска инфраструктура, капитални и развојни инвестиции,“ се пофалија општинските власти.

Граѓаните го поздравија проектот кој според нив е задоцнет, а започна како што велат да се гради токму кога граѓаните највеќе ја користат оваа рекреативна зона која е единствена во Тетово.

„Конечно нешто добро да се направи за градот. Овој патен правец навистина беше ризичен, имаше многу свлечишта од горе се спуштаа големи камења и наноси од земја“, вели еден жител на Тетово кој често го користи овој патен правец.

„Патот е реконструиран и проширен пред неколку години. Од кога памтам се до денес на ова место има прашина и ерозии. Одиме нагоре да дишиме чист воздух, а не да голтаме прашина и да стравуваме за нашите животи. Тој пат се реконстрираше сигурно со одредени пропусти, затоа има ерозии, но исто така и долго се чекаше да се санира проблемот“, вели друг жител на Тетово.

Патот и пешачката зона кон Бањиче беа обновени и проширени пред пет години. Уште тогаш геолозите предупредуваа дека делницата се проширува на сметка на планината со многу стрмни косини, што може да предизвика ерозивни процеси.

Фото: Слободен печат

За само една година тоа и се случи. На патот постојано паѓаа одрони, а теренот од можни свлечишта беше заштитен на неколку места со мали потпорни ѕидови.

Фото: Слободен печат

Претходната локална самоуправа на најризичните места направија т.н. каскадни системи, со цел да се заштити пределот од ерозивни процеси. Но овие зафати не се покажаа како ефективни. Токму на местата на каскадните системи, се појавуваа големи свлечишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот