После коронавирусот доаѓа глад: Опасноста која се заканува на светот никогаш поголема, милиони ќе останат без храна

Експертите укажуваат дека недостигот од храна предизвикан од пандемијата е различен од сите досега.

Светот не бил соочен со недостиг на храна како сега, во екот на пандемијата на коронавирусот, предупредуваат експертите.

Од Најроби во Кенија, преку Индискиот полуконтинент, до Латинска Америка, речиси нема дел од светот кој не е соочен со сериозен недостиг на храна.

Вонредните мерки и социјалното дистанцирање воведени заради пандемијата на коронавирусот негативно влијаеле на глобалната економија, оставајќи ги луѓето без работа и трошејќи ги финансиските резерви.

Економијата е во застој, а запирањето на сообраќајот остави милион луѓе низ светот изолирани и соочено со страв од глад.

Се зборува дека коронавирусот ги направи еднакви богатите и сиромашните бидејќи заболуваат и едните и другите, но кога станува збор за храна, еднаквост нема, бидејќи гладот им се заканува само на сиромашните.

– Пандемијата на коронавирусот е добар показател на класните разлики и потсетник колку длабоко е поделено човечкото општество на богати и сиромашни, предупредува Аша Џафар, доброволец кој дели хуманитарна помош на најзагрозените граѓани во Најроби.

Пред пандемијата, 135 милиони луѓе биле соочени со недостиг на храна, а по пандемијата уште 130 милиони ќе се најдат во истата ситуација, вкупно околу 265 милиони луѓе ќе бидат на раб од гладување до крајот на оваа година, порачуваат од Светскиот програм за храна при Обединетите Нации.

Експертите укажуваат дека недостигот од храна предизвикан од пандемијата е различен од сите досега.

Додека претходно кризите и недостигот на храна биле главно регионални, овие се глобални – милиони останаа без работа и редовни примања, милиони од претходно живеат на раб на егзистенција, а милиони избегале или ќе се обидат да избегаат од деловите на светот зафатени од војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот