После Бабунски, и Ашковски позитивен на ковид-19!

фото: facebook.com/pg/fcbotosani

В сабота (7 ноември) Ботошани во рамките од 10 коло во најсилниот романски шампионат ќе му гостува на ФКСБ или клуб подобро познат како Стеауа.

Како што информираат тамошните медиуми во составот на Ботошани за тој дуел нема да биде нашиот Стефан Ашковски кој е позитивен на ковид-19.

А покрај нашиот играч позитивни на коронавирусот се уште тројца негови тимски колеги.

Вториот Македонец во Ботошани, Давид Бабунски во претходниот период исто така беше позитивен на коронавирусот, но тој успешно се опорави и сега повторно тренира со клубот.

Моментно на табелата во романското првенство води У. Крајова со 24 бодови, пред ФЦСБ (кој има четири победи по ред) кој е на втората позиција (21), додека Ботошани е осмопласиран (11 бодови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот