После 78 победи по ред, конечно „паднаа“ Американците! (ВИДЕО)

twitter.com/usabasketball

За првпат во историјата селекцијата на Австралија во меѓусебните дуели ги совладаа Американците предводени од Попович со резултат 98:94 (23:26, 25:24, 30:27, 20:18).

Во јубилејниот 30 меч меѓу Австралија и САД, популарните „кенгури“ на преполнетиот „Марвел“ стадион во Мелбурн пред 52.079 гледачи славеа голема победа.

Американците паднаа за првпат после 78 победи во низа во сите натпревари, а со овој триумф Австралијците можат да се надеваат на медал на претстојниот Мундобаскет во Кина кој што ќе стартува на 31 август.

Најзаслужен за оваа победа на Австралија беше Пети Милс, искусниот плејмејкер во завршните три минути од средбата реализираше 10 одлучувачки поени и го скрши отпорот на САД.

Вкупниот учинок на Милс беше 30 поени (10/22 од поле, 4/10 за три), а на спротивната страна Вокер запиша 22 поени, два помалку Барнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот