Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Посен рецепт за Свети Никола – пита со ориз и праз

Се приближува Свети Никола, затоа навреме испланирајте го вашето мени за да стасате сè да подготвите.
Свети Никола го слават повеќето Македонци, а тие што не го слават, одат кај некого на гости. Со оглед на тоа што се паѓа на 19 декември, а во тој период е божиќниот пост и празничната трпеза мора да биде посна. Кога станува збор за посна храна, понекогаш е тешко да се најде инспирација што да се подготви, па затоа за вас избравме пита која ќе го воодушеви секој гостин.
Покрај рибата и посните салати и колачи, размислете и за печивата, односно за вкусните пити и гибаници, кои се едни од најомилените на празничната трпеза.
Состојки:
– 750 грaма кори за гибаница
– 5 струка праз
– 1 филџан ориз
– 1 мал филџан масло
– 1 филџан кисела вода
– сув билен зачин
– бибер и сол
Подготовка:
Исчистете го и измијте го празот и исечете го на мали кругови. Пропржете го на масло, додајте малку сол и сув зачин од билки. Оризот сварете го, исцедете го, а потоа додадете го во празот, зачинете со малку бибер и измешајте.
Секоја кора попрскајте ја со кисела вода и филувајте ја целата кора. Корите редете ги во намрсен плех и така додека не ги потрошите сите. Последната кора не ја филувајте, туку само попрскајте ја со масло и кисела вода. Ставете ја питата во загреана рерна и печете ја на умерена температура околу 35 минути.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5