Посебна изборна единица за помалите етнички зедници, бара Партијата за движење на Турците

Партијата за движење на Турците (ТХП) бара промена на изборен модел, односно модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалите етнички заедници во Собранието.

Бараме посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалите етнички заедници. Во таа посебна изборна единица партиите на помалите етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно. Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава на која ќе биде овозможено да гласаат гласачи од помалите етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови“, велат од ТХП.

Од партијата сметаат дека со таков изборен модел, не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помали етнички заедници ќе имаат поголеми шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот