Португалскиот премиер Коста во посета на Тирана

Премиерите на Португалија и на Албанија/фото:Фејсбук-страница на Еди Рама

На покана на албанскиот премиер Еди Рама во посета на Тирана е неговиот португалски колега, Антонио Коста.

Тие разговараа за иновативни дигитални проекти и модели на вештачка интелигенција што ги развиваат двете влади.

Рама ги откри овие детали преку објава на Фејсбук, нагласувајќи дека една од точките за која зборувале е трансформативната програма на португалската влада за социјални станови, за што како што најави Рама, ќе испратат тим експерти во Португалија.

– Посебното задоволство од денешната посета на премиерот на Португалија, Антонио Коста, познатиот и високо ценет реформатор, со кого разговаравме и за иновативни дигитални проекти, моделите на вештачка интелигенција што ги развиваат нашите влади, како и за трансформативната програма на португалската влада за социјални станови, за која ќе испратиме тим експерти во Португалија – напиша Рама.

Според објавените фотографии тие се прошетале низ Тирана, а застанале и кај позната Пирамида.

Култната градба во облик на пирамида, изградена пред 30 години како музеј во чест на комунистичкиот лидер, Енвер Хоџа, по целосната реконструкција сега е најголем центар за дигитална технологија на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот