Португалија, Чешка и Шведска се ривалите на ракометарките

фото: РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија во рамите на групата 5 ќе игра против Португалија, Чешка и Шведска во квалификациите за ЕП 2020 кое ќе се игра во Норвешка и Данска.

Според рејтингот, Шведска е главен фаворит за освојување на првото место, додека избраничките на селекторот Симевски заедно со Чешка се очекува да се борат за второто место во групата, а Португалија е аутсајдер.

Квалификациите ќе стартуваат на 25./26. септември оваа година. Првите две најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на ЕП, а организаторите Норвешка и Данска имаат директно учество на шампионатот кој ќе се одржи од 4. до 20. декември следната година.

КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2020

Група 1: Победник од квалификации 1, Австрија, Шпанија, Холандија
Група 2: Литванија, Италија, Унгарија, Црна Гора
Група 3: Косово, Белорусија, Словенија, Германија
Група 4: Швајцарија, Словачка, Србија, Русија
Група 5: Португалија, МАКЕДОНИЈА, Чешка, Шведска
Група 6: Исланд, Турција, Хрватска, Франција
Група 7: Фарски Острови, Украина, Полска, Романија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот