Поранешното момче на пејачката Деми Ловато ќе стапне на лудиот камен! (ФОТО)

Instagram

Актерот од „Луди 70-ти“ се вери со 11 години помладата манекенка.

Актерот Вилмер Валдерама (39), најпознат по улогата во серијата „Луди 70-ти“, во средата ја запроси својата девојка, манекенката Аманда Пачеко (28). Тој ја запросил својата девојка на брегот во Сан Диего.

Среќната вест тој ја сподели на друштвените мрежи.

View this post on Instagram

“It’s just us now” 01-01-2020

A post shared by Wilmer Valderrama (@wilmervalderrama) on

„Сега сме само ние“, напишал Вилмер, а му честитаа и бројни славни личности и колеги.

„Штом те видов како ја гледаш, знаев дека ќе дојде до ова. Ја гледаше во очи и ѝ ја гледаше душата… Честитам и среќно нека ви е на патувањето“, коментираше близок пријател на актерот.

Аманда на друштвените мрежи го покажа својот веренички прстен. Парот прв пат беше виден во јавност заедно во април 2019 година, кога беа забележани на шопинг во Лос Анџелес.

„Вилмер секогаш и отвораше врата на Аманда кога негде ќе влезеа и ги плаќаше сметките. Навистина сака да е сигурен дека добро се грижи за неа. Дури и кога се во прашање едноставни работи, многу се забавуваат и секогаш се насмеани“, рекол извор близок на парот за странските медиуми.

Актерот претходно беше во врска со Менди Мур (35), Деми Ловато (27) и Линзи Лохан (33).

„Кога Деми дозна за врската на Аманда и Вилмер им пружи подршка, како што и Вилмер на неа и пружаше откако после него се гледаше со други“, додал изворот.

Актерот и пејачката беа во врска скоро 6 години и прекинаа во јуни 2016 година. Тие одлучиле дека напорниот работен распоред не им одговара и дека едноставно се подобри како пријатели. Двајцата се разделија во добри односи и до ден денес се блиски пријатели кои се подржуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот