Бритни Спирс и Кевин Федерлајн - Фото: V. Summers/AdMedia/Capital Pictu / Capital pictures / Profimedia

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс со шокантно тврдење: „Ја начекав како ме изневерува – страсно се бакнуваше со друга жена“

Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на поп-ѕвездата Бритни Спирс, во своите претстојни мемоари тврди дека пејачката го изневерила со жена. Во извадок од книгата „Мислевте дека знаете“ (You Thought You Knew), објавен од „Ју-ес-еј тудеј“, Федерлајн го опишува наводниот инцидент што се случил на почетокот на нивната врска.

Федерлајн пишува дека за време на турнеја во Амстердам ја затекнал Спирс во хотелска соба со една од нејзините танчарки. Според неговите зборови, по вечерното излегување со танчерите и персоналот, се вратил во хотелот каде што наишол на шокантна глетка.

„Другата жена седеше на работ од креветот. Бритни стоеше меѓу нејзините нозе, со рацете на нејзиното лице, и тие се бакнуваа. Потполно се бакнуваа“, пишува Федерлајн, додавајќи дека останал „запрепастен“.

Тој тврди дека тој настан го натерал да сфати дека тоа не е она на што тој „се согласил“. Почнал да ги пакува своите работи со намера да се врати во САД, но Спирс наводно се извинила и ветила дека тоа нема да се повтори. Федерлајн наведува дека барал моногамна врска и дека тој момент бил „пресвртница“ што на крајот ги зближила.

Насловната страница на мемоарите на Кевин Федерлајн / Фото: Инстаграм/Листенин

По повод тврдењата на Федерлајн, се огласи и претставник на Бритни Спирс.

„Со оглед на тоа што излегуваат вести од книгата на Кевин, повторно тој и другите профитираат од неа, а за жал тоа доаѓа откако заврши алиментацијата. Сѐ до што ѝ е грижа се нејзините деца, Шон Престон и Џејден Џејмс, и нивната благосостојба за време на овој сензационализам. Својот пат таа детално го опиша во сопствените мемоари“, стои во изјавата.

Да потсетиме, Федерлајн и Спирс се венчаа во 2004 година, а се разведоа три години подоцна. Заедно имаат два сина, Шон Престон (20) и Џејден Џејмс (19), кои во најголем дел пораснаа под старателство на Федерлајн. Да потсетиме, пејачката помина 13 години под контроверзното старателство на нејзиниот татко, Џејми Спирс, кое беше судски укинато во ноември 2021 година.

Мемоарите на Кевин Федерлајн излегуваат на 21 октомври.

ВИДЕО | Бритни Спирс му возврати на поранешниот сопруг Кевин Федерлајн за шокантните обвинувања во своите мемоари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот