Поранешниот шеф на Службата за јавна безбедност: Во Србија се подготвуваше „бомба“ против претседателот Вучиќ, како онаа во Македонија!

Во пресрет на Новата година се појави информација дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство биле прислушувани, објави српскиот портал Курир.

Оваа информација ја загрижи српската јавност и  се постави прашањето, кој смее и може да го прислушкува шефот на државата, кој воедно е и шеф на сите разузнавачки служби.

Божидар Спасиќ, поранешниот шеф на специјалниот тим на Службата за јавна безбедност во „Редакција“ на Телевизија Курир, ја спореди оваа состојба со единствениот случај што неодамна се случи во Македонија и кој е познат како операција „Бомба“.

– Никаде во светот нема некој да го прислушкува шефот на државата. По Македонија, ние сме единствената земја што успеа да го направи ова. Тоа беше операцијата „Бомба“ кога Заев со помош на своите луѓе во македонското Министерство за внатрешни работи ја прислушуваше целата македонска влада, а потоа започна да ги објавува тие снимки и да покажува документи, што веројатно беше целта и на овие луѓе овде, каде и во Србија се спремала „Бомба“ против претседателот Вучиќ. Ова во пракса се нарекува „тивок државен удар“. Значи, нема тенкови, но се работи на уривање на безбедносниот систем. Одлична вест е што таа е прекината. Мораше да се исече на почетокот, за никој повеќе во оваа земја да не помисли да го стори тоа – рече Божидар Спасиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот