Поранешниот шеф на ЦИА вели дека копнена офанзива во Газа би била „Могадишу на стероиди“

Дејвид Петреус/ Фото: Attila Husejnow / Zuma Press / Profimedia

Воена копнена офанзива на израелските одбранбени сили во Појасот Газа би траела со години и би вклучила ужасни борби, изјави за Политико, Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија кој служел во Ирак и Авганистан и поранешен шеф на ЦИА.

Говорејќи по бруталните напади на милитантите на Хамас врз Израел, поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција предупреди дека континуираната кампања за копнена инвазија на ИД многу брзо може да стане „Могадишу на стероиди“.

Наведувајќи го инцидентот од 1993 година во кој биле соборени три американски хеликоптери Блек Хок во сомалиската престолнина, предизвикувајќи крвави урбани борби во кои загинаа 18 американски војници, Петреус рече дека ИД ќе се соочи со слична ситуација на територијата на непријателот доколку изврши копнена инвазија.

„Ако Хамас е креативен во одбраната како што беше во тој ужасен, варварски напад, тогаш ќе видите бомбаши самоубијци, ќе видите импровизирани експлозивни направи, ќе има заседи, мини и урбаната средина ќе биде предизвик за војската” тој рече.

Петреус рече дека неговото искуство водење на војската за време на бруталните контрабунтовнички кампањи треба да послужи како предупредување за ИД ако продолжи со копнена инвазија.

„Тешко ми е да замислам потешка средина од оваа конкретна, и командував со силите во голем број големи урбани операции“, рече Петреус. „Не можете да победите во контрабунтовничките операции за една или две години. Тие обично траат една деценија или повеќе, како што видовме во Ирак и Авганистан“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот