Поранешниот италијански репрезентативец Миколи оди во затвор, соработувал со мафијата

Фабрицио Миколи најдобрите моменти ги имаше во Палермо/ фото: EPA/MIKE PALAZZOTTO

Поранешниот италијански репрезентативец и играч на Јувентус, Фабрицио Миколи (40) пред 15 години беше фудбалска ѕвезда, а сега го чека затвор без можност за помилување, пишува „Газета дело Спорт“.

Поради изнудување пари, италијанскиот суд го осуди Миколи на затворска казна во рок од три и пол години, а поранешниот фудбалер ќе се обиде да избегне извршување на казната со помош на своите адвокати.

Поранешниот фудбалер по завршување на кариерата влезе во криминални води и се занимаваше со изнудување на пари со помош на шефот на мафијата во Палермо, Мауро Лаучирело кој веќе е осуден на седум години затворска казна.

Миколи пред десет години со мафијашки методи се обидел да изнуди 12.000 евра од Андре Графањини кој е сопственик на ноќен клуб, а на видео снимките кои се појавија во јавноста, може да се слушне како поранешниот фудбалер го навредувал и судијата Џовани Фалконе, судија кој во 1992 година беше убиен од страна на италијанската мафија.

Миколи на судењето изјави дека се кае за криминалните дела велејќи во своја одбрана дека не знаел оти неговиот пријател Лауричело е мафијаш.

Фабрицио Миколи во кариерата настапуваше за Казарно, Тернана, Јувентус, Перуџа, Фиорентина, бенфика, Палермо, Лече и Биркиркања. Кариерата ја заврши во 2015 година на Малта каде играше за Биркиркара, а најдобрите моменти од кариерата ги имаше од 2007 до 2013 година настапувајќи за Палермо кога на 165 натпревари постигна 74 гола. За италијанската репрезентација настапи на десет натпревари и постигна два гола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот