Поранешниот германски канцелар упати повик до Франција и Германија да преземат иницијатива за решение на војната во Украина

epa09960501 (FILE) - Former German Chancellor Gerhard Schroeder during his speech at the annual meeting of the German Insurance Association (GDV) in Berlin, Germany, 27 September 2017 (reissued 20 May 2022). German ex-Chancellor Schroeder will leave the board of directors of Russian oil giant Rosneft, the company announced in a statement on 20 May 2022 adding that 'it is impossible to extend his powers on the company's board of directors'. EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека е за покренување нова иницијатива за посредување на владино ниво за изнаоѓање решение за војната во Украина и ги повика Германија и Франција да преземат иницијатива по ова прашање.

Во изјава за германската новинска агенција ДПА, Шредер ги опиша како „глупости“ шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да започне нуклеарна војна или да нападне земја на НАТО на нејзиното источно крило.

Тврдејќи дека сериозно треба да се размисли за решавање на конфликтот со цел да се спречи развојот на настаните да се придвижи кон такви сценарија од самиот почеток и да се избегне зголемена загриженост на јавноста, Шредер рече дека е за покренување нова иницијатива за посредување на владино ниво во врска со војната во Украина.

„Франција и Германија треба да преземат иницијатива за ова. Очигледно е дека војната нема да заврши со целосен пораз на едната или на другата страна“, оцени Шредер.

Истакнувајќи дека релативно добро соработувал со рускиот претседател Владимир Путин во текот на годините, Шредер изрази верување дека личните односи ќе бидат корисни за решавање на овој многу тежок политички проблем.

„Затоа мислам дека би било погрешно да ги заборавиме сите позитивни работи што се случија меѓу нас во политиката во минатото. Тоа не е мој стил, не можам да го направам тоа“, рече Шредер, додавајќи дека неговата блискост со Путин може да помогне за изнаоѓање решение во Украина преку преговори.

Шредер беше жестоко критикуван во Германија за неговата блискост со Путин и неговата работа во некои руски компании по почетокот на руската војна против Украина. Бундестагот, исто така, му одзеде на Шредер некои посебни права што ги имаше како поранешен канцелар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот