Поранешниот директор на ЦИА Петреус: Руската војска направи три клучни грешки и целосно ги потцени украинските сили

Руска војска/ Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Поранешниот директор на ЦИА, пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус, оценува дека руската војска направи три клучни грешки за време на инвазијата на Украина.

„Тие целосно ги потценија украинските сили и ги преценија руските. Тие не можеа да ја наметнат својата линија на воена кампања и да ги подготват силите за спроведување на оваа кампања“, рече Петреус.

„Покрај тоа, тие немаа модерни телекомуникациски системи. Значи, генералите продолжија да им гинат“, додаде тој.

„Понатаму, тие не ги обучуваа своите војници, секогаш знаевме дека им недостасуваат професионални подофицери кои се столбот на нашите сили на Западот. Имаше многу грешки што ги покажаа, некои очекувани, а некои неочекувани“, нагласи пензионираниот генерал Петреус, поранешен началник на Здружениот штаб на началаници на американската војска.

Генералот, исто така, истакна дека руските комуникациски канали се едноканални и не се шифрирани, што им олеснува на Украина и нејзините сојузници да ги следат.

Њусвик, исто така, пренесува дека Петреус кажал дека украински напад може да предизвика колапс на руските сили на југот на Украина и дека украинските сили ќе ослободат голем дел од украинската територија што Русите ја окупираа минатата година, се до Крим, пренесува загребската телевизија N1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот