Поранешен фудбалер на Реал Мадрид стана научник и разви систем за борба против коронавирусот

Гранеро фудбалската кариера ја започна во Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Естебан Гранеро на кого му се предвидуваше блескава фудбалска иднина, беше еден од најголемите таленти во академијата на Реал Мадрид, од скоро е надвор од фудбалот и неговиот допринос ќе биде запомнет по тоа што го прави на полето на науката во време на пандемија на коронавирусот.

Гранеро кариерата ја започна во младинските категории во Реал Мадрид, а за првиот тим настапуваше од 2009 до 2012 година, потоа играше во Хетафе, Квинс парк ренџерс, Реал Сосиедад, Еспањол, а минатата сезона играше за нисколигашот Марбеља. Покрај фудбалската кариера, Гранеро работеше на образованието, односно студираше психологија на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Тој заедно со врвни експерти разви и сè уште го усовршува системот на вештачка интелигенција кој ги предвидува учинокот и можностите на фудбалерите.

Но, со избивањето на пандемијата на коронавирусот, системот е модификуван за да може да се користи во борбата против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот