Поранешен американски маринец виден во видео од руски работен логор

Пол Вилан / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Пол Вилан, Американец осуден за шпионажа во Русија, кој отсекогаш се нарекувал себеси политички заложник, е виден на видео снимка за прв пат по три години. Уапсен во 2018 година во Москва, каде што патувал на свадба на пријател, поранешниот американски маринец доби 16-годишна затворска казна. Владата на САД го означува Вилан како „погрешно приведен“.

Видеото е снимено во работен логор од каналот РТ. Неговото семејство од САД и Канада тврди дека на тоа видео прв пат го виделе од јуни 2020 година, кога Би-Би-Си го снимил неговото последно појавување пред судот во Москва.

„Беше добро да го видам повторно и да видам дека борбата останува во неговите очи. Добро е да се знае дека Пол останува непоклонет“, напиша Дејвид Вилан, близнакот на Пол.

На видеото, Вилан се гледа како стои во редица со други затвореници во дворот на затворот, како ја шијат индустриската облека во фабриката во затворот, а потоа во мензата со послужавник со храна.

Тој претходно им кажал на своите родители дека е „глушец“ за учество во „пропагандата на Кремљ“. На видеото, иако делува опуштено, па дури и се насмевнува, на камерата јасно и кажува дека нема да одговори на ниту едно прашање. Видеото било снимено во мај, но било објавено пред неколку дена, пишува Би-Би-Си.

Во тоа време, тој рекол дека затворскиот персонал го казнил затоа што одбил да биде сослушан, ги фрлал неговите работи на под а потоа ги газел.

Екипата на РT била во оддалечениот камп ИК-17 во републиката Мордовија не долго по апсењето на американскиот новинар Еван Гершкович на крајот на март, што доведе до брз егзодус на повеќето странски известувачи од Русија. Без да изнесе никаков доказ, Русија го обвини дописникот на Волстрит Журнал за шпионажа. Американската влада брзо го назначи и него како „погрешно приведен“. Високи функционери постојано бараат двајцата мажи да бидат ослободени.

Од моментот на неговото апсење, Пол Вилан верувал дека наскоро ќе биде заменет за руски осуденик од висок профил во САД.

Видеото на РТ ја наметнува идејата дека Пол Вилан е „фрлен под автобус“ од неговата влада. Објавувањето на извештајот, по три месеци, изгледа како притисок на Кремљ врз американската влада да направи какви било отстапки што ги бара Русија.

Сега во својата петта година како затвореник, Пол Вилан зборува дека се чувствува напуштен.

Неодамнешните шпекулации сугерираат дека Кремљ бара враќање на тајните агенти, познати како „илегалци“, уапсени во САД и Европа, или Руси осудени за сајбер криминал.

Дејвид Вилан за Би-Би-Си изјави дека мисли дека американската влада се движи бавно, сè уште не е сигурен како најдобро да одговори.

Во јули, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека неговата влада е подготвена да „направи се“ за да ги врати двајцата дома, но дека сè уште нема „јасен пат до решение“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот