Поради проблеми по полетувањето, во Мадрид вонредно слета „Боинг“ на „Ер Канада“

Фото: МИА

Авионот на „Ер Канада“, „Боинг 767“ со 128 патници успешно слета на аеродромот во Мадрид, откако претходно кружеше обидувајќи се да го потроши горивото, затоа што имаше проблем со еден од двата мотори и гумата, која пукнала за време на полетувањето.

Шпанското Министерство за одбрана соопшти дека борбен авион Ф18 е испратен од воениот аеродром во близина на главниот град на Шпанија за да се процени штетата предизвикана на опремата за слетување на авионот, кој требаше да отпатува за Канада.

Авионот, претходно денеска, полета од меѓународниот аеродром Адолфо Суарес-Барахас во Мадрид.

Авиокомпанијата соопшти дека авионот „имал проблеми со моторот кратко време по полетувањето”, како и со гумата на „Боинг 767-300. Во изјавата се додава дека авионот е „дизајниран да работи со еден мотор и дека пилотите се целосно обучени за таквата можност”.

„Сепак, беше прогласена вонредна состојба за да се даде приоритет при слетувањето”, појасни Ер Канада.

Авиокомпанијата побарала авионот да слета 30 минути по неговото полетување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот