Поради позитивни резултати на брзи тестови: Грција врати два автобуса со сезонски работници од Албанија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Околу 50 албански државјани, поголемиот број сезонски работници, со два автобуса биле вратени од Грција поради позитивни резултати на брзи тестови за ковид-19 што им биле направени на граничниот премин, иако на пат тргнале со негативни наоди , објавија грчките медиуми.

На граничниот премин Какавиа, од петокот, се поставени мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција и на сите кои влегуваат во земјата им се прават брзи тестови за ковид-19, иако задолжителна е потврда за претходно направен негативен ПЦР тест.

Според медиумите во Грција, станува збор за фалсификувани потврди со негативен резултат.

До 20 ноември, при влез во Грција се правеа молекуларни ПЦР тестови, меѓутоа поради доцнењето на резултатите, не можеше веднаш да се провери дали потврдите со негативен резултат се точни и затоа сега веќе се воведени рапид тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот