Фото: МИА

Поради пожар затворен за сообраќај граничниот премин Ново Село – Златарево

Граничниот премин Ново Село – Златарево е затворен за сообраќај поради пожар што избувнал попладнево околу 16 часот, на бугарска страна, на самиот граничен премин, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека граничниот премин ќе може да се користи повторно“, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот