Поради фудбалскиот натпревар Македонија-Украина вечерва посебен сообраќаен режим во Скопје

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Околу националната арена „Тодор Проески“ во Скопје вечерва ќе има посебен сообраќаен режим поради фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Украина.

Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за безбедност на патниот сообраќај на 16.06.2023 ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20:45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Украина – информираат од МВР.

МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот