Поплави во Тиквешијата: Неисправна водата за пиење во Кавадарци, Јанчев со апели до граѓаните да се избегнува движење покрај реки

ФОТО: Поплави Кавадарци / Изворм Фејсбук, Митко Јанчев

Водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци не е на потребното ниво на квалитет кој што треба да го има за конзумирање поради нејзино заматуавње како резултат на обилните дождови на изворите Лукар, информираат од кавадаречкото јавно претпријатие,,Комуналец”. Како што соопшти претпријатието водата за пиење, потребно е да се преврива пред консумирање.

– Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, додаваат од комуналното претпријатие.

Синоќа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев потсетија дека два дена Тиквешијата беше зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец од 145 литри на метар квадратен, што предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново.

Поплави Кавадарци

– Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена, известија од кабинетот на Јанчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот