Пописот го доби посакуваниот интензитет, ДЗС не очекува потешкотии до крајот

Попис 2021
Попис 2021 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Без никакви застои и проблеми, со посакуваниот интензитет се одвива пописот на населението и објектите. Од Државниот завод за статистика се задоволни и од темпото и од работата на попишувачите, а Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември.

Заклучно со завчера до 20 часот попишани се 512 457 лица, 158 519 домаќинства и 212 464 станови.

Масовниот одѕив, како што кажа на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека одбивањата на попишување се незначителни и дека граѓаните не наседнуваат на негативната кампања.

– Таму каде што имаме првично одбивање, одиме и разговараме. Оди нашиот државен инструктор и член на пописна комисија и досега, најчеста пракса е тие луѓе да се убедат и попишат. Не применуваме никакви санкции се уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека, онаа пропаганда против спроведувањето на пописот се дезинформации и целта е сосема друга, изјави Симовски.

Можноста за самопопишување на лица во странство, продолжува и заклучно со вчера до 11.30 часот ја искористиле – 192 827 лица.

Пописот 2021 е во 11 ден од предвидените 26 дена пописни активности и треба да заврши до 30 септември.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот