Понуда за туристи која не се одбива: Ќе ви платиме половина од патните трошоци, само дојдете!

Јапонската влада почнува со програмата за поддршка на туризмот вредна 18,2 милијарди долари, а една од мерките предвидува државата да покрие половина од патните трошоци на туристите.

Шефот на јапонската туристичка организација Хуроши Табат најави дека државата се обидува да привлече туристи во земјата на тој начин што на сите заинтересирани кои сакаат да ја посетат земјата им нуди паричен надоместок за половина од патните трошоци. Програмата за поддршка на туризмот се очекува да почне во јули, пишуваат јапонските медиуми.

Изјавата на Табат доаѓа по укинувањето на вонредната состојба од страна на премиерот Шинзо Абе воведена поради справување со пандемијата од вирусот Ковид – 19.

Абе истакна дека укинувањето на вонредната состојба не значи дека пандемијата е завршена.

Слични вакви мерки воведе и Сицилија каде локалните власти им плаќаат на туристите половина вредност од авионските билети и една ноќ престој во хотел.

Сицилијанската програма за туристичко опоравување, со поддршка на владата од Италија е тешка 50 милиони евра.

Овој италијански остров изгуби околу милијарда евра во март и април поради проблемите со туризмот предизвикани од пандемијата на новиот корона вирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот