Пониски плати, ОК тогаш – нема тренинзи

Фудбалерите на Рајо Ваљекано одбија да тренираат во тренинг центарот како протест поради намалените плати.

Играчите на тимот од Мадрид пред да се вратат на тренинзите бараат од управата да им ги врати полните плати кои беа намалени поради пандемијата на коронавирусот.

Шпанската влада даде дозвола екипите од денеска да можат да тренинраат во мали групи, во играчите на второлигашот наместо во клупските простории, тренираа во своите домови.

Фудбалерите на Рајо Ваљекано се надеваат дека управата на клубот ќе го направи истото што и Елче кои им ги прифати барањата на своите играчи и им ги врати полните плати.

Во голем дел од шпанските екипи платите се намалени за 70 проценти, колку што препорача Владата и тоа поради пандемијата на коронавирусот.
До прекинот на првенството во втората шпанска лига, Рајо Ваљекано се наоѓаше на 11. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот