„ПОЛУДЕ“ НА ТРЕНИНГ: Го удри помошникот-тренер, па настрада рекламата! (ВИДЕО)

AFLO/Maurizio Borsari/Twitter/@ESPNFC

Фудбалерите на Јувентус в среда ќе го играат првиот натпревар од новата сезона во групната фаза на Лигата на шампионите против тимот на Атлетико Мадрид.

„Старата дама“ сезонава сака конечно по подолго време да се врати на европскиот врв предводена од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, но и многу други квалитетни фудбалери во италијанскиот шампион.

На еден од тренинзите на Јуве беше интересно, а во центарот на вниманието се најде аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин.

Напаѓачот во еден момент „ги загуби нервите“ и почна да ја удира рекламата покрај теренот, а претходно удри и еден од помошниците на Алегри.

Сигурно сето тоа поминало во една позитивна шеговита атмосфера, ова не му е првпат на Игуаин да ја покаже и другата страна на тренинзите со својата екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот