Полицијата упадна на веселба на Матка, се пукало со пиштол

Илустрација/Архива на Слободен печат

Вчера околу 19 часот во скопското село Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51). Кај него при преглед бил пронајден пиштол „берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од ковид-19.

По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси.

Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од с.Матка, И.Ј.(56) од с.Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од с.Србиново, гостиварско.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот