Полицијата го казни лицето кое возеше во спротивна лента во Ѓорче и се фалеше на Тик-Ток

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Полициски службеници од Одделението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје презедоа мерки и активности и денеска (29.05) го пронајдоа и санкционираа лицето кое со своето возило возеше во спротивна насока во скопската населба Ѓорче Петров и потоа објави видео снимка на социјалната мрежа Тик-Ток. Лицето е идентификувано – С.С. (22) од Скопје и против него се преземени соодветни мерки и покрај соодветната санкција според Законот за безбедност во сообраќајот за возењето во спротивен правец, С.С. е санкциониран и за управување возило без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи продолжува со санкционирањето на несовесните граѓани, кои со непочитувањето на сообраќајните правила и прописи ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

ВИДЕО: Нов предизвик на Тик-Ток, неодговорен возач вози во спротивна лента во Ѓорче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот