ВИДЕО: Нов предизвик на Тик-Ток, неодговорен возач вози во спротивна лента во Ѓорче

На социјалната мрежа „Тик-Ток“  се појави видео од еден неодговорен возач кој вози во спротивната лента на булеварот во Ѓорче Петров  додека останатите возила го одбегнуваат.

На снимката може да се види како тој на главната улица во скопската населба Ѓорче Петров ги заобиколува возилата кои возат во својата лента и во одредената насока на движење.

Граѓаните на социјалните мрежи побараа реакција од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и од самото МВР.

Инаку ова не е единствен прекршок што ова лице го направило. Иако конкретната снимка од Ѓорче Петров во моментов не е видлива на ТикТок-профилот именуван 77shpetim77, присутни се други видеа на кои се гледа како ова лице вози со брзина од 180 километри на час на скопскиот булевар „Партизанска“, но и други снимки на кои брзината достигнува и до 250 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот