Полицаецот поради кој гори Америка префрлен во максимално обезбеден затвор

Поради целиот случај, сопругата на Човин поднесе барање за развод на бракот.

Полицаецот од Минеаполис, белецот Дерек Шовин, кој, како што може да се види од видео снимката, со колено го давеше и го усмрти Афроамериканецот Џорџ Флојд, префрлен е во максимално обезбеден затвор до првото појавување на суд.

Тој е осомничен за убиство од трет степен и малтретирање, а неговата постапка предизвика протести и насилство ширум САД.

Како што пренесува БиБиСи, тоа е трет затвор во кој е префрлен од кога е уапсен минатиот петок поради спречување на ширење на коронавирусот, но и поради очекуваното влијание на протестите во затворите.

Првото сослушување пред судот е поместено од денешниот датум на 8 јуни, а притоа му е одредена и кауција од половина милион долари.

Како што претходно пренесоа американските медиуми, поради целиот случај, сопругата на Човин поднесе барање за развод на бракот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот