Полицаец од Австралија загинал на сопствената свршувачка откако се лизнал и паднал

Полиција во Австралија / Фото EPA-EFE/ERIK ANDERSON

Британец кој се преселил во Австралија за да стане полицаец, починал за време на свршувачката откако се лизнал и паднал на земја, отсекувајќи си ја каротидната артерија, пишува Идепендент. Трагедијата се случила во Западна Австралија.

Лијам Тример (29) починал во неделата во својот дом во Западна Австралија додека се забавувал со пријателите и семејството. Толпата се обидела да го спаси младиот полицаец, но тој било залудно. Тример починал од обилно крварење непосредно пред брзата помош да пристигне на местото на настанот, соопшти полицијата.

Неговите колеги од полицијата го опишуваат Тример како „извонреден полицаец кој сакал да ѝ помага на заедницата“. Истрагата за смртта на 29-годишниот е покрената бидејќи не било јасно како паднал и се здобил со смртоносната повреда.

Тример се преселил во Австралија од Англија во 2013 година и дипломирал на полициската академија Џудалуп. После тоа се преселил во градот Калгорли. Тој се приклучил на одредот против банди и на групата за тактичка реакција во тие сили и станал еден од истакнатите членови на локалната заедница, пишува Индепендент.

Полицискиот синдикат на Западна Австралија го опиша Тример како „вреден член на синото семејство“, додавајќи дека неговата смрт е „страшна трагедија“.

„Секогаш кога полицаец ќе умре, без разлика како, тоа навистина го потресува јадрото на полициското семејство“, изјави за новинарите претседателот на синдикатот Пол Гејл.

Телото на Тример е испратено на обдукција, соопштија властите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот