Покрената истрага против тројца бразилски конгресмени, сојузници на Болсонаро

Фото: EPA-EFE / Joedson Alves

Федералниот суд на Бразил побара истрага против тројца конгресмени, сојузници на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, за наводно поттикнување бунт, кога приврзаниците на поранешниот претседател упаднаа во претседателската палата, Врховниот суд и Конгресот во главниот град Бразилија.

Повикот за истрага дојде откако новиот претседател Лула да Силва подготви безбедносни мерки против протестите.

Демонстрантите упаднаа во три водечки државни институции во неделата, незадоволни што веруваат дека нивниот кандидат, Болсонаро, бил ограбен на изборите во октомври.

Полицијата соопшти дека 1.159 лица уапсени за немирите во неделата останале во притвор, додека 684 биле ослободени на „хуманитарна основа” откако биле приведени, вклучително и постари лица, лица со здравствени проблеми и родители со мали деца.

Организаторите на антивладините демонстрации во изминатите недели на социјалните мрежи повикаа на блокада на патиштата и рафинериите, да ги урнат електричните водови и да направат доволно хаос за да предизвикаат воен удар со цел поништување на изборите што Болсонаро ги загуби од Лула минатиот октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот