Покетино си оди од Тотенхем, експресно пронајдена замената

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Маурицио Покетино е незадоволен, а воедно и разочаран од случувањата во Тотенхем и сериозно размислува да ја напушти клупата на европскиот вицешампион.

Играчите кои сакаа да си заминат во летниот преоден рок, како Кристијан Ериксен, Дени Роуз и уште неколку фудбалери, на крајот останаа во екипата, по што се наруши атмосферата во соблекувалната, но и заедништвото во тимот. Ваквата атмофера резултира со лоши игри на екипата, Тотенхем моментно е осми на табелата во Премиер лигата и по шест кола има само две победи.

Згора на тоа, тие вчера доживеаја елиминација во Лига купот и тоа од четвртолигашот Колчестер, а во првото коло од Лигата на шампионите испуштија победа на гостувањето кај Олимпијакос.

Сиве овие случувања го натераа Покетино да размислува да си замине од Тотенхем по пет години. Тој летово имаше понуди од Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед кој сериозно размислува да му даде отказ на Оле Гунар Солскјер.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, експресно најде замена за Аргентинецот, во прашање е Масимилијано Алегри кој летово го напушти Јувентус. Алегри веќе оди на часови по англиски јазик за да биде подготвен за понудите од англиските гиганти, но се чини дека Тотенхем е во пол позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот