Покетино се кандидира за нов менаџер на Манчестер јунајтед!? (ФОТО)

фото: твитер

Поранешниот кормилар на Тотенхем не ја крие желбата повторно да води повторно клуб од најсилната англиска фудбалска лига.

Маурицио Покетино, како што пренесува „Скај Спортс“, би сакал да се врати во Премиер лигата, вкупно пет години го водеше Тотенхем со кој успеа лани да дојде до финалето во Лигата на шампионите, вицешампион во Премиер лигата, а беше финалист и во Лига купот.

47-годишниот аргентински тренер моментно нема никаква работна обврска, веќе три месеци е комплетно надвор од фудбалот, но е јасна неговата голема амбиција да му се врати на спортот, особено во Англија.

Покетино би бил желба на секој клуб во Премиер лигата поради неговата работа во Тотенхем…

– Да бидам искрен, би сакал да работам во Премиер лигата. Знам дека ќе биде тешко, моментот е да се чека и ќе видиме што ќе се случи. Подготвен сум и чекам за нов предзвик. Имам верба и самодоверба дека следниот предизвик ќе биде фантастичен. Горд на успесите кои ги имав во Тотенхем, и кога ќе анализирам, се случија многу позитивни нешта- вели Покетино.

Многумина веќе ваквата желба ја сфаќаат дека би можел да биде наредниот менаџер на Манчестер јунајтед со кој се поврзува веќе неколку месеци.

„Црвените ѓаволи“ и сезонава предводени од Солксјер не бележат најдобри резултати и загубија уште една сезона кога е во прашање шампионската титула во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот