Погоди две стативи и една пречка, Нејмар играч на мечот во Париз

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Нејмар на реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен немаше среќа да постигне гол.

Но, и покрај тоа, неговиот ПСЖ иако поразен на домашен терен успеа да се пласира во полуфиналето од елитното европско натпреварување.

Бразилецот беше избран за играч на мечот во ПСЖ, погоди две стативи и една пречка, но за негова среќа тоа не влијаеше на конечниот исход.

– Многу сум среќен, и покрај поразот. Елиминиравме голем тим, но и ние сме големи, а тоа го покажавме вечерва. Го елиминиравме европскиот шампион. Ние сме во полуфиналето, но мора да работиме уште повеќе доколку сакаме да ја оствариме целта – рече Нејмар веднаш по натпреварот.

Шоуто на Бразилецот се случи за само четири минути кога трипати ја погоди рамката од голот, по што казни Ерик Чупо-Мотинг во следниот напад.

– Сите тие пропуштени шанси, толку малку ми недостасуваше. Најважно е што се квалификувавме во полуфиналето. Затоа сум задоволен. ПСЖ е голем – додаде Нејмар.

Во борбата за пласман во големото финале на ЛШ, француската екипа ќе се соочи со подобриот од четвртфиналниот двомеч помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер сити (прв натпревар 1:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот