ВИДЕО: Европа ќе има нов шампион, елиминиран Баерн Минхен!

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Вечерва започнаа реванш натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а првакот од минатата сезона Баерн Минхен доживеа елиминација.

Во првиот дуел баварскиот гигант загуби со 3:2 од ПСЖ, а на возвратната пресметка во Париз немаше друга опција и мораше да оди на анулирање на негативата и да брка победа. Успеа во намерата тимот на Ханси Флик, славеше со 0:1 во „Паркот на принцовите“, но не беше доволно да се оствари целта.

Стрелец на единствениот гол за бундеслигашот беше Чупо-Мотинг во 40 минута после асистенцијата на Алаба. Париските „светци“ поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен се промовираа како полуфиналисти.

Челси иако загуби со 0:1 на својот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон против Порто, благодарение на триумфот во првиот меч во Севиља од 2:0, играчите на Томас Тухел се во следната фаза.

Португалците дојдоа до утешна победа во самиот финиш од мечот со погодокот на Тареми по додавањето на Нану (90+4`).

В среда ќе се комплетира листата на сите полуфиналисти во ЛШ за оваа сезона, од 21.00 часот Борусија Дортмунд е домаќин на Манчестер сити, „граѓаните“ имаат предност од 2:1.

Ливерпул ќе го пречека Реал Мадрид, а „кралевите“ ќе стартуваат со позитива од 3:1 на стадионот „Енфилд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот