Погледнете како започнал да се слави 1 мај

Принтскрин: МИА

Десетици илјадници работници во светот ќе маршираат и на овој Први мај на протести поради намалувањето на државните буџети, сиромаштијата, лошите услови за работа… Ќе го искористат моментот и во текот на тој еден слободен ден ќе го свртат вниманието на својата положба.

На 1 мај 1886, работничката активност не беше обичен штрајк – тоа беше дел од она што подоцна го знаеме ако случајот Хејмаркет. На 1 мај таа година Чикаго (и уште неколку други градови) беше местото на синдикални демонстрации во поддршка на осумчасовниот работен ден. Протестите во Чикаго требаше да бидат дел од неколкудневна акција. На 3 мај, штрајкот во фабриката Мекромик рипер се претвори во насилие, а следниот ден мирниот собир на плоштадот Хејмаркет стана уште понасилен. Еве како Тајм го опиша сето тоа во 1938 година:

„Неколку минути по десет часот вечерта на 4 мај 1886, во Чикаго почна да дува бура. Додека паѓаа првите капки дожд, масата народ на плоштадот Хемаркет, во густо населеното маало, почна исто почна невреме. Во осум часот таму веќе се собраа околу три илјади души кои ги слушаа анархистите кои предизвикуваа бруталноста на полицијата и бараа осум часовен работен ден, но до десет часот останаа само неколку стотици демонстранти. Градоначалникот, кој беше присутен и очекуваше проблеми, на крајот си отиде дома да си легне. Последниот говорник завршуваше со говорот кога група од 180 полицајци вмаршира од станицата во соседната улица за да ја растури толпата народ која остана по собирот. Тие застанаа блиску до кочијата од која се обраќаа говорниците. Полицискиот капетан нареди да се разотидат собраните луѓе, а говорникот почна да вика дека е ова мирен протест, а потоа бомба експлодира помеѓу полицајците. Беа повредени 67 полицајци, од кои седумина починаа. Полицијата отвори оган, уби неколкумина демонстранти и рани 200, а трагедијата од Хејмаркет стана дел од историјата на САД. Во 1889, на Меѓународната конференција на социјалисти беше објавено дека во сеќавање на случајот Хејмаркет, Први мај треба да се слави како меѓународен ден на трудот, сега на многу места во светот познат Меѓународен ден на работниците.

Во САД овој празник е различен заради околностите за време на антикомунистичката хистерија од почетокот на Студената војна. Во јули 1958, претседателот Ајзенхауер потпиша резолуција наречена Први мај- Денот на лојалноста, во обид да се избегне каква било асоцијација на солидарност со „работниците во светот” на Први мај. Во резолуцијата стои дека тоа ќе биде „специјален ден за потврдување на лојалноста кон Соединетите Американски Држави и за потврдување на наследството од американската слобода”.

Во доцниот деветнаесети век, работничата класа била во постојана битка за осумчасовен работен ден. Работните услови биле страшни и било вообичаено да се работи од 10 до 16 часови на ден во небезбедни услови. Смртноста и повредите биле вообичаени на многу работни места и биле инспирација за книгите „Џунгла” на Аптон Синклер и „Челична потпетица” на Џек Лондон. Некаде околу 60-ите години од истиот век, работниците агитирале за пократок работен ден без кратење на платите, но тоа не се случило се до крајот на 80-ите години, кога организираните работници собрале доволно сила за да прогласат осумчасовен работен ден. Објавата била без согласност на работодавачите, но тоа го барале поголемиот дел од работничката класа.

Истовремено, социјализмот бил нова и атрактивна идеја за работните луѓе, а мнозината биле провлечени од идеологијата за контрола на работничката класа над производството и дистрибуцијата на сите добра и услуги.

На меѓународната конвенција во Чикаго, која се одржала во 1884 година, Федерацијата на организирани здруженија и синдикати (Фотлу, која подоцна станала Американска федерација за труд) прогласиле дека „осумчасовниот работен ден ќе биде легален работен ден од и по 1 мај 1886 година”. Следната година, Фотлу поддржана од многу локални Витези на трудот, ја дополниле својата објава дека за поддршка преку штрајкови и демонстрации. На почетокот, повеќето радикали и анархисти го сметале ова барање како премногу реформистичко, и не успеале да удрат „во коренот на ѓаволот”. Една година пред масакрот на Хајмаркет, Семјуел Фиелден во анархистичкиот весник Аларм укажал дека „без разлика дали човек работи осум или десет часови на ден, тој е се уште роб”.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на Први мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот