ПОДГОТВИ СЕ ДА УМРЕШ ВО ПЕКОЛОТ, каде моите рептили ќе се гостат со тебе! Заради оваа порака на позната пејачка и се заканува затвор! (ВИДЕО)

На пејачка од Пакистан и се заканува двегодишна казна затвор откако се појави видео во кое позира со големи змии и се заканува дека ќе ги пушти на премиерот на Индија, Нарендра Моди.

Раби Пирзада, која е позната и како водителка, на снимките ги гали змиите и го критикува Њу Делхи затоа што ја укинал автономијата на Кашмир. Видеото набрзо се проширило на социјалните мрежи и привлекло големо внимание.

Во видеото Пирзада го критикува Моди заради вознемирување на Кашмир и тврди дека нејзините рептили пријатели ќе бидат „специјален подарок за него“.

„Видете што му подготвив. Подготви се да умреш во пеколот. Моите пријатели ќе се гостат со тебе“, рекла пејачката пред да ги претстави своите „пријатели“, меѓу кои и алигатор.

Одделението за заштита на дивината во Пакистан почнало истрага против пејачката заради држење егзотични животни, вклучувајќи питони и алигатори во нејзиниот салон. Според законот, чувањето на овие животни како миленици е забрането заради што на Пирзада и се заканува парична казна и две години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот