Поддршка за ракометарките, влезот за Македонија – Чешка е бесплатен

фото: РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре ги стартува квалификацииите за пласман на ЕП 2020. Ракометарките во првото коло и гостуваат на селекцијата на Шведска (утре 19 ч.) која е фаворит за првото место во групата.

Ракометната федерација на Македонија одлучи за првиот натпревар на ракометарките на домашен терен, влезот да биде слободен за избраничките на селекторот Симе Симовски да добијат што поголема поддршка. Во сабота (18 ч.), ракометарките во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекуваат Чешка.

„Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската женска селекција во сабота (28.09.2019) во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје, ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Чешка. Да дадеме поддршка на нашата репрезентација, натпреварот почнува од 18:00 часот, влез слободен“ – објави куќата на ракометот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот