Почна трката за наследник на Лев, Клоп или креаторот на генерација на Кимих, Брандт

фото: EPA

Денеска стана и официјално тоа што се навестуваше во измикнатите неколку месеци, фудбалската репрезентација на Германија ќе остане без селектор по Европското првенство.
На барање на Јоаким Лев, Германската фудбалска федерација (ДФБ), одлучи да ја прекине соработката со селекторот кој на „панцирите“ им ја донесе титулата светски шампион 2014 година.

Веднаш по објавата за заминувањето на Лев, започнаа шпекулациите за неговиот наследник и повеќе од извесно е дека во трката ќе бидат само две имиња.
Првото име е тоа на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој во последните две години ја освои и Лигата на шамионите и Премиер лигата, но оваа сезона не им цветаат розите на „црвените“. Германските медиуми шпекулираат дека слабите резултати на Ливерпул оваа сезона ќе го натераат Клоп сериозно да размисли дали да ја преземе селекторската функција иако засега тој негира ваква можност.
– Дали сум слободен ова лето за да ја преземам репрезентацијата на Германија? Не. Јоаким Лев направи неверојатна работа и сигурен сум дека Федерацијата ќе пронајде добро решение – изјави Клоп.
Иако демантира дека на лето ќе седне на клупата на Германија, весникот „Билд“ тврди дека Клоп сепак е главен фаворит за наследник на Лев и постои можност да се премисли до лето.

„Билд“ исто така пишува дека ДФБ размислува и за уште еден одличен тренер кој имаше неверојатна сезона, Ханси Флик. Флик со Баерн Минхен минатата сезона триумфира во Лигата на шампионите, а ги освои и сите трофеи во натпреварувањата во кои настапи. Баерн Минхен и сезонава игра солидно, но несогласувањата на Флик со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ за трансфер политиката, ги зголемија шпекулациите за негова разделба со баварците.

Флик му беше помошник на Лев во германската репрезентација од 2006 со 2014 година, по што беше селектор на младата репрезентација на Германија до 19 години со која беше и европски шампион. Во таа генерација лидери беа актуелните репрезентативци Џошуа Кимих и Јулијан Брандт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот