Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија” во Струмица, подигнат во чест на Трајковски.

Петнаесет планинари од Струмица и Валандово шеснаесетти пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.

Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија” во Струмица, подигнат во чест на Трајковски. Заради пандемијата од Ковид-19 планинарите ќе пешачат до село Дедино, Радовишко, а на 26 овој месец ќе поминат уште една етапа во Скопје до гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје, каде ќе се приклучат на одбележувањето на 17 годишнината од смртта.

-И годинава ја продолжуваме традицијата и се надевам дека секоја година ќе го орджуваме овој традиционален марш за идните генерации да се сеќаваат на Борис Трајковски, човек кој имаше големо срце и многу ја сакаше Македонија, рече Никола Ристов од ПАОК „Ентузијаст„ од Струмица.
Пред тргнување планинарите положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски, а на почетокот на маршот присутвуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Освен до Скопје, триесет планинари од Струмица и Валандово денес пешачат и по падините на планината Беласица. Тие треба да се искачат на врвот „Ботра” кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот