Отпадни води/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Почна изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Пласница

Почна изградбата на пречистителна станица за отпадни фекални води во општина Пласница, што ја финансира Министерството за животна средина и просторно планирање и според најавите на градоначалникот Алија Јаоски, треба да биде целосно завршена и ставена во употреба во рок од три месеци.

-Она што го најавивме во текот на есента дека до крајот на оваа календарска година ќе ја започнеме изградбата на пречистителната станица за отпадни фекални води во село Пласница почнавме да го реализираме. Пречистителната станица ќе чини 85 000 евра, средства што ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.Истата ќе биде од монтажен тип какви што во република Турција се користат подолг период. Оваа пречистителна станица ќе биде димензионирана за 1 500 жители на село Пласница или ќе може да служи на една третина на населението од општинскиот центар.Целосното завршување на овој објект ќе треба да се случи за 90 дена, ако тоа го дозволат временските услови, изјави градоначалникот Алија Јаоски.

Потсети дека во овој краток период изградени се девет улици во три села во општината Пласница, Преглово и Лисичани, како и патот до селските гробишта во Пласница.

Со оваа пречистителна станица продолжува реализацијата на програмата река Треска да има чиста вода, а процесот започна со изградбата на пречистителна станица во Кичево во 2018 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот