Почна да помага армискиот тим за спасување во погодените области од земјотресот во Турција

Тимот на Армијата за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш, која е една од областите кои се најповеќе погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Туркије, во текот на денешниот ден ги отпочна активностите за преребарување и извлекување на жртвите, информира Генералштабот на Армијата.

– Армискиот тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно со сите вклучени го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во рушевините. Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије – се вели во соопштението.

Надеж, се додава, дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки животе каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот