Починал планинар на Пелистер

Возрасен планинар од Скопје е пронајден починат кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер. Се прават напори телото да биде префрлено до место каде што може да пристигне возило на Итната помош, известува регионалниот Центар за управување со кризи Битола.

Министерството за внатрешни работи известило дека починатиот планинар е повозрасно лице од Скопје , со иницијали А.С.. Местото каде што било пронајдено лицето било на околу 2.000 метри надморска височина
Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја известил Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола која има тим за интервенции во планински услови, за да може телото на починатото лице да биде транспортирано до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот