Гевгелија Општа болница/ фото: МИА

Почина гинекологот Венци Чалков – третиот обвинет за смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе

Неколку дена откако јавно беше објавена пресудата за двајцата обвинети гинеколози за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе од Дојран, почина еден од нив, Венци Чалков од Гевгелија. Тој е третиот од четворицата обвинети кои починаа во текот на десетгодишниот судски процес. Породувањето беше извршено во Општата болница Гевгелија, објави Сакам да кажам.

Гинекологот Чалков кој во 2015 година бил во тимот за изведување на царски рез на Маја Кадиева, доби десет месеци затворска казна, по неуспешно воведување под анестезија од страна на двајца анестезиолози под дејство на алкохол. Ова го покажува пресудата за случајот, што минатиот месец ја донесл Врховниот суд а во која увид имаше „Слободен печат“.

Постапката почна против четворица обвинети, двајца анестезиолози и двајца гинеколози. Во текот на постапката починаа двајцата анестезиолози, едниот во фаза на истрага а другиот по почнувањето на постапката, по што Обвинителството ја продолжи постапката против двајцата гинеколози.

Смртта кај Кадиева и бебето настапила поради загушување односно недостиг на кислород.

Врховниот суд смета дека дејствијата на сите вклучени во тимот за изведување на породувањето не може да се гледаат изолирано, па затоа го гледа целиот настан почнувајќи од подготовките, прифаќањето да се изведе царскиот рез и самото негово изведување.

Предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното бебе стоел во фиока три години пред да биде разгледан во Апелација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот