Почина српскиот театарски режисер Јагош Марковиќ

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Српскиот театарски режисер Јагош Марковиќ почина на 58-годишна возраст. Тој беше еден од најистакнатите театарски режисери во Србија и низ регионот, пренесуваат српските медиуми.

Марковиќ е роден во Подгорица во 1965 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград (1987), во класата на проф. Борјана Продановиќ и Светозар Рапајица.

Од 2008 година, Марковиќ беше постојан режисер во Народниот театар во Белград, каде што ги режираше најзначајните наслови на светската и домашната класика како „Учена жена“, „Хасанагиница“, „Господа министарка“, „Покондирена тиква“, „Антигона“ и многу други. Добитник е на педесет професионални, фестивалски и државни награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот