Почина нобеловецот Питер Хигс, познатиот британски физичар кој го откри Хигсовиот бозон

Фото: Sean Dempsey / PA Images / Profimedia

Физичарот Питер Хигс кој покажа како честичките помагаат во поврзувањето на универзумот, почина на 95-годишна возраст во својот дом во Единбург, објавија британските медиуми.

Хигс ја доби Нобеловата награда за физика во 2013 година, за неговата работа во 1964 година која покажа како бозонот помогнал да се врзе универзумот заедно со тоа што на честичките им ја дал масата, наречена по него – Хигсовиот бозон.

По серија експерименти, кои започнаа сериозно во 2008 година, неговата теорија беше докажана од физичарите кои работеа во Големиот хадронски судирач во Церн, Швајцарија, во 2012 година. Хигс ја подели Нобеловата награда со Франсоа Енглер, белгиски теоретски физичар чија работа во 1964 година, исто така, директно придонесе за откритието.

Фото: Andrew Milligan / PA Images / Profimedia

Хигс најголемиот дел од својот професионален живот го помина на Универзитетот во Единбург, кој го основа Хигсовиот центар за теоретска физика во негова чест во 2012 година.

Професорот Петер Матесон, ректор на Универзитетот, наведува дека: „Питер Хигс беше исклучителен поединец, навистина надарен научник чии визија и фантазија го збогатија нашето знаење за светот околу нас“.

„Неговата пионерска работа мотивираше илјадници научници, а неговото наследство ќе продолжи да инспирира многу генерации што доаѓаат“.

Професорката Фабиола Џаноти, извршна директорка на Европската организација за јадрено истражување (ЦЕРН) и поранешна водачка на експериментот „Атлас“, кој помогна да се открие Хигсовиот бозон во 2012 година, рече: „Покрај неговиот извонреден придонес во физиката на честичките, Питер беше многу посебна личност, човек со ретка скромност, голем учител и некој кој ја објасни физиката на многу едноставен и длабок начин“.

„Со него е поврзан важен дел од историјата и достигнувањата на ЦЕРН. Многу сум тажна и многу ќе ми недостига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот