Почина легендарниот астронаут на НАСА, Кен Метингли

Кен Метингли / Фото ABACA / Abaca Press / Profimedia

Кен Метингли, легендарниот астронаут на НАСА, кој беше извлечен од екипажот на Аполо 13 во 1970 година поради изложеност на вирусот на рубеола, починал во вторникот на 87-годишна возраст. Неговата смрт беше потврдена од НАСА.

„Астронаутот на НАСА, Кен Метингли беше клучен за успехот на нашата програма Аполо, а неговата брилијантна личност ќе се погрижи да остане запаметен низ историјата. Како лидер во истражувачките мисии, Кен ќе остане запаметен по борбата против непознатото за иднината на нашата земја“, рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон во изјавата објавена во четвртокот.

Избран во петтата класа на астронаути на НАСА во 1966 година, Метингли бил дел од екипажот кој полетал кон Месечината и потоа водел две мисии на вселенскиот шатл. Тој поминал вкупно 21 ден, 4 часа и 34 минути во вселената, вклучувајќи 1 час и 23 минути на вселенска прошетка во близина на Месечината.

Метингли бил изложен на германски сипаници од неговиот колега астронаут – а подоцна и колега од екипажот на Аполо 16 – Чарли Дјук. Единствениот член од првичниот екипаж на Аполо 13 кој не бил имун, лекарите на НАСА биле загрижени дека Метингли ќе се разболи за време на мисијата, што потоа довело до одлука да го заменат со Џек Свигерт, пишуваат американските медуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот