Почина композиторот и диригент Војкан Борисављевиќ автор на хитовите „Одисеја“, „А сад адио“…

скриншот/Youtube

Војкан Борисављевиќ, српскиот композитор и диригент, чија кариера траеше повеќе од пет децении, почина денес во Белград. Засекогаш ќе остане запаметен како композитор на хитовите како што се „Одисеја“, „Љубав је само реч“ и „А сад адио“ и многу други.

Борисављевиќ е роден на 5 мај 1947 година во Зрењанин, а од 1948 година живее во Белград. По завршувањето на гимназија, студирал на Филозофскиот факултет во Белград. Со уметничка работа активно се занимавал од 1965 година.

Компонирал повеќе од 500 песни за најпознатите југословенски пејачи – Лео Мартин, Здравко Чолиќ, Ѓорѓе Марјановиќ, Мики Јевремовиќ и многу други, како и за бројни телевизиски серии и филмови, како што се сериите „Сивиот дом“ и „Топол ветар“, како и за филмот „Лаење на ѕвездите“, за чија музика беше награден со Златна мимоза на Југословенскиот филмски фестивал во Херцег Нови во 1997 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот