Почина Колин Бурџис, првиот тапанар на „ЕјСи/ДиСи“
Колин Бурџис, тапанарот на австралискиот рок бенд „ЕјСи/ДиСи“ (AC/DC), почина на 78 години, објавено е на фејсбук-страницата на групата, додека причината за неговата смрт не е позната.
Препорачано
„Многу е тажно што слушнавме за смртта на Колин Бурџис. Тој беше нашиот прв тапанар и многу почитуван музичар. Среќни спомени, почивај во мир Колин“, се наведува во објавата од страна на бендот.
Австралискиот бенд е основан во 1973 година од браќата Малколм и Ангус, првите членови на легендарниот бенд беа вокалистот Дејв Еванс, басистот Лери Ван Кредт и тапанарот Колин Бурџис, пренесува американскиот портал ТМЗ.
Сестрата на основачот, Маргарет, го предложила името „AC/DC“ (кратенка за наизменична/директна струја) откако го убедила Ангус, кој го мразел училиштето, да настапи на училишната сцена.
Нивната најпозната песна која се слушаше ширум светот беше „Highway to Hell“, која се искачи на 17-то место во САД и на осмото место во Велика Британија.
Други успешни албуми беа „Back in Black“ и „For They About to Rock We Salute You“. „AC/DC“ продаде повеќе од 200 милиони плочи.
Сепак, Колин издржа само една година во групата. Тој беше отпуштен, обвинет дека излегол на сцената пијан. Подоцна тврдеше дека некој му го испил алкохолот.
Тој беше заменет со неколку тапанари пред да се приклучи Фил Руд во 1975 година. Фил свиреше седум години пред да се врати во бендот во 1994 година и повторно во 2018 година.
Колин накратко се врати во „ЕјСи/ДиСи“кога го замени Фил откако претрпе повреда на зглобот.
Колин исто така беше тапанар во бендот „Masters Apprentices“ и настапуваше со братот Дени во „The Burgess Brothers“, а подоцна самиот го претставуваше „Burgess Burgess“ во 2014 година.


